Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин започна воена операција против Украина. Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано наутро, што е за 8% помалку од претходниот ден, пренесува Cи-Ен-Ен.
Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да опаѓа како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата вредност од највисокото ниво во ноември минатата година (68.990 долари) поради геополитичките тензии, можноста за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД и ограничувањата на дигиталните средства во некои големи светски економии.
Останатите криптовалути, исто така, остро паднаа утрово. Етерум падна за повеќе од 12%, додека Догекоин ослабе за повеќе од 14%. Последната цена на Етерум и Догекоин беше 2.349 долари и 10 центи.
