Вести Економија Свет

Како што се продлабочуваат санкциите, рускиот извоз се пренасочува кон Кина

САД и сојузниците се очекува да воведат поширок спектар на санкции против Русија, ако Москва дополнително ја ескалира ситуацијата во Украина. Новите санкции најверојатно ќе вклучуваат ограничување на пристапот на најважните руски финансиски институции и компании до трансакции на американски долари и глобалните пазари за трговија на стоки, извоз на енергенси или финансиско работење.

Но САД и сојузниците, исто така, до сега не се обиделе од глобалната трговија да исклучат цела една економија вредна 1,5 трилиони американски долари, и поради тоа нејасно е калкав реален притисок можат да извршат западните санкции врз Русија.

Трговските извештаи на Светска банка и ООН покажуваат дека од воведувањето на првите санкции во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, Кина прерасна во најголемата руска извозна дестинација. Затоа новите санкции може да ја поттикнат Русија да ја продлабочи својата трговска врска со Пекинг, во обид да го ублажи ефектот од санкциите.

Русија е еден од најголемите извозници на нафта, природен гас, бакар, алуминиум, паладиум и други значајни стоки, и треба да се напомене дека, делумно и поради украинската криза, цените на нафтата достигнаа нивоа невидени уште од 2014 година.

Во 2020 година учеството на Русија во глобалната трговска размена се спушти на 1,9 проценти, од 2,8 во 2013, а нејзиниот БДП во 2020 бил на 11-то место, помеѓу Бразил и Јужна Кореја, покажуваат податоците на Светска банка.

Но, исто така, податоците на Светската банка покажуваат дека изминативе 20 години Русија бележи стабилно намалување на зависноста од надворешната трговија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе