Вести Свет Топ вести

Францускиот „Конвој на слободата“ заврши со солзавец и пендреци во Париз

Со солзавец и стотици казни заврши францускиот „Конвој на слободата“ во Париз. Неколку стотици возила од повеќе делови на Франција се упатија кон главниот град, но беа пречекани од 7.000 полицајци, распоредени на сите влезни точки на престолнината. Тие кои успеаја да се пробијат, своето протестирање го завршија кај Триумфалната капија или на Шанзелизе, со искршени прозорци, солзавец и лисици на рацете.

Претходно полицијата соопшти дека сите кои ќе блокираат патишта се соочуваат со двегодишна затворска казна, 4.500 евра парична казна и одземање на возачката дозвола. Но тоа не ги обесхрабрија Французите кои уште синоќа се упатија кон францускиот главен град, и им порачаа на сите европски власти дека Париз е само првата станица.

Јас сум граѓанин кого длабоко го засегаат фундаменталните слободи. Тој збор е напишан и на француското знаме. Мислам дека тоа се однесува на сите а ден по ден полека отстапува пред политиката и рестрикциите, и денес повеќе не се работи за здравствени рестрикции, туку тие речиси целосно се претворија во политички, изјави еден демонстрант.

Француската полиција соопшти дека успешно растурила неколку конвои, издале речиси 300 казни и биле уапсени 14 лица. Но и покрај ригорозниот одговор на француската централна влада, поддршка за демонстрантите пристигна од некои локални власти.

Дојдов за да го поддржам конвојот на слободата. Неговата филозофија е нешто што многу нè привлекува, со други зборови, одбраната, пацифистичките идеи и добрите намери. Знаеме дека овие луѓе ќе бидат етикетирани како неодговорни, насилни луѓе, кои не се добри, и затоа дојдов овде, од морална солидарност за да покажам дека има избрани функционери кои ги поддржуваат и да покажам дека е добро тоа за што се залагаат, изјави Патрик Проси, градоначалникот на Фуш-Тумеснил.

Од другата страна на океанот, канадските камионџии започнаа да ја отстрануваат блокадата на мостот Амбасадор, 12 часа по стапувањето во сила на судската одлука која го прогласи протестот за незаконски. Канадската полиција ги предупреди демонстрантите дека тие што нема да ја напуштат блокадата на мостот ќе добијат кривични пријави и ќе им бидат конфискувани возилата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе