Вести Свет

Додик: Од ситуацијата во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска

Во пресрет на денешната расправа во Народното собрание на Република Српска во Бања Лука, членот на претседателството на БиХ од овој ентитет,  Милорад Додик изјави дека Република Српска е заинтересирана за политичката и економската состојба во БиХ.

Од тоа, како што кажа, во голема мера зависи и состојбата во Република Српска.

-За жал, од таа ситуација и лошите односи во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска, а тоа се одразува и на одредени наши функции, нагласи Додик, пренесува РТРС.

Додик најави дека денеска ќе разговараат како и на кој начин би можело да се реши политичката криза во БиХ.

-Од друга страна, слушаме дека треба да се укине Република Српска, на оние кои мислат дека БиХ нема шанси или оние кои мислат дека треба да се формира трет ентитет и дека покрај Република Српска и другите два народи треба да имаат свој ентитет. БиХ е составена и од Република Српска и ние во неа го внесуваме нашиот суверенитет и нашите права. Ние од Република Српска не ја гледаме БиХ како унитарна и централизирана држава, рече Додик.

За денеска во Бања Лука е закажана посебна седница на Народното собрание на Република Српска (НАРС) на која ќе се расправа за „Политичката и економската состојба во БиХ“, а во документот доставен до пратениците се посочува дека политичката криза во институционалното функционирање на БиХ може да се надмине само со постојани и истрајни разговори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе