Вести Свет

По 2.000 евра за сите завеани на автопатот во Грција

Снежното невреме „Елпида“ го запре сообраќајот на обиколницата околу Атина, а над илјада возачи беа заробени повеќе од 20 часа. Во нивното ослободување учествуваше и војската.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, побара отштета од 2.000 евра за заглавен автомобил, од компанијата задолжена за автопатот „Атики одос“, која не успеа да го исчисти патот, иако невремето беше најавувано неколку дена однапред. Возачите кои со часови останаа заглавени со нивните автомобили на автопатот што ги поврзува предградијата во Атина, ќе добијат оштета од 2.000 евра, а 1.000 ќе биде оштетата за патниците кои останаа заглавени во возовите поради прекинот на железничкиот сообраќај. По фијаското со илјадници заробени возачи и нивните маки, компанијата наводно го прифатила барањето на премиерот, а се очекува официјална потврда дека на сите завеани возачи на автопатот ќе им биде исплатена отштета, јавуваат грчките медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе