Вести Ковид19 Свет

Австрија го претстави нацрт-законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот

Австриската влада го претстави нацрт-законот со кој во земјата се воведува задолжителна вакцинација против коронавирус од февруари.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави дека задолжителната вакцинација ќе стапи во сила на почетокот на февруари, а преодната фаза без казни ќе трае до средината на март.

Од 16 март, како што беше кажано на прес-конференцијата, ќе бидат казнувани оние кои не се вакцинирани. Предлог-законот предвидува казни од 600 до 3.600 евра.

Во Австрија обврската за вакцинирање ќе важи за сите граѓани на возраст над 18 години, а од оваа мерка се изземени бремените жени и сите лица кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Нехамер изрази уверување дека предлог-законот ќе биде усвоен во парламентот, бидејќи се работи за тема која се однесува на општото здравје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе