Францускиот претседател Емануел Макрон има поддршка од 38 отсто од гласачите на три месеци пред првиот круг од претседателските избори во земјата.
Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување објавено во весникот „Фигаро“. Ниту еден претседател досега немал таква поддршка во пресрет на изборите. Поранешниот претседател Франсоа Оланд имаше поддршка од само 19 отсто од гласачите, а Никола Саркози 29 отсто на три месеци пред гласањето.
Макрон се уште официјално не ја објавил својата кандидатура за втор мандат.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга – на 10 и 24 април.