Вести Македонија

Пендаровски на средба со претставници на ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија

На барање на ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија, претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе прими нејзини претставници на средба, но датумот и терминот уште не се договорени, вели кабинетот на шефот на државата. „Претседателот даде согласност дека ќе ги прими претставниците на ОМО „Илинден Пирин“.

Кога ќе се утврди датумот на средбата, јавноста ќе биде известена“, одговорија од кабинетот на Пендаровски. Нема најавена цел на посетата, ни теми на дискусија, ниту пак број на посетители – претставници на оваа организација кои ќе дојдат кај Пендаровски. Оваа организација е само една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, но е најбројна, најактивна во поднесување тужби пред Европскиот суд за човекови слободи и права против неа и редовен победник во споровите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе