Вести Македонија Топ вести

Од понеделник редовни операции во Клиничката болница во Битола

Поради штетите што  ги предизвика земјотресот се затвораат делови од одделенијата   во Клиничката болница во Битола и се намалува болничкиот капацитет. Останатиот дел од објектот  каде има помали штети, функционира непречено. Од понеделник се враќаат и  редовните  операции кои беа запрени од  превентивни причини поради серијата земјотреси.  

Земјотресот во Битола предизвика поголеми  оштетувања на два ката во битолската Клиничка болница, поради што се  намалуваат капацитетите  во два оддели,  Неврологија и за Интерни болести. Ќе бидат затворени вкупно 7 болнички соби затоа што таму е невозможно да се хоспитализираат пациенти, а доколку има неопходна потреба за хоспитализации ќе се активираат други капацитети во болницата.

  • Тие оштетувања се доста сериозни, бараат сериозна санација, кои ние не можеме да ги направиме веднаш, тлото во Битола не мирува. На стручен колегиум со раководителите на тие одделенија, поради безбедносни причини на пациентите и на персоналот да се затворат капацитетите на тие оддели, вели Билјана Гагчовска, директор на Клиничка болница Битола.

По увидот на  стручни лица од Институтот за земјотресно инженерство, првично е утврдено дека земјотресот не ја наруши статиката на болничката зграда, со што останатиот дел каде има помали оштетувања  нормално  функционира. Штетите се очекува да бидат санирани од државниот буџет.

  • Барање е испратено до ресорното министерство, по направените проценки ќе биде испратено барање и до Владата. Овие санации не можат да бидат направени во рамките на нашите можности. Ниту тоа може сега одма да се направи. Не е тоа ќе бојадисаме и ќе ги санираме, тоа бара поголем процедура, вели Гагачовска

Превентивно, поради серијата земјотреси, беа прекинати  редовните хируршки операции, кои ќе продолжат следната недела.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе