Имигрантската криза и односот кон имигрантите отсекогаш биле еден од најважните проблеми на САД.
Скоро 3.200 километарската граница меѓу САД и Мексико ја прави десеттата најдолга копнена граница во светот меѓу двете земји. Главен проблем се илегалните имигрантски премини долги илјадници километри, а не легалните премини на оваа граница.
2021 година остана зад себе со рекорди и најинтензивен прилив на имигранти во последните 20 години.
Околу 2 милиони луѓе беа фатени од американските безбедносни сили при обид илегално да ја преминат границата. Повеќе од 500 илјади имигранти илегално влегле во земјата.
Најмалку 650 луѓе загинаа обидувајќи се да ја преминат границата во 2021 година. Илјадници имигранти станаа дел од човечката драма под тешки услови.
Додека Џо Бајден и Камала Харис ја презедоа функцијата со големи надежи за решение на проблемот, многу луѓе мислат дека ситуацијата ќе се искомплицира во 2022 година.