Голем број од растечкиот број на сиромашни луѓе во Авганистан, од очај донесуваат драстична одлука за излез од сиромаштијата и се решаваат да ги продаваат своите органи,
Во западната провинција Херат, луѓето кои не гледаат излез од ужасната сиромаштијата, се одлучуваат да ги ризикуваат своите животи на тој начин што ги продаваат своите бубрези.
Земјата чија економија е директно зависна од странската помош, веќе беше пред колапс пред Талибанците да ја преземат власта во Август, по хаотичното повлекување на Американската војска.
Соединетите американски држави потоа ги замрзнаа сите финансиски средства на Авганистан во странство и ја блокираат сета помош , одбивајќи да соработуваат со владата на Талибанците, заради бруталноста на нивното владеење пред 20 години.
Последиците од оваа одлука сега се катастрофални за целата држава, каде 4 децении се водеа воени судири. Работа речиси и да нема а најмногу страдаат обичните луѓе, оние за чии права американците и меѓународната заедница генерално и изразуваа загриженост постојано.
Урологот и хирург Насир Ахмад, тврди дека досега оваа година, значи за само 12 дена извршил 85 операции.
99% од донаторите ги продаваат бубрезите а голем број луѓе имаат економски проблеми и само 1% од донаторите се оние кои донираат свој бубрег на член од семесјтвото на кој тоа му е потребно, вели доктор Насир Ахмад, уролог и хирург кој врши трансплантации.
Според него, во зависност од крвната група, бубрезите чинат помеѓу 2000 и 4000 долари, додека трошоците за престој во болницата, лековите и операцијата достигнуваат и до 4 000 долари.
Докторот појаснува дека најголем дел од луѓето кои ги продаваат бубрезите се од најсиромашните семејства и не се свесни дека за кратката економска придобивка, го ризикуваат својот живот на подолг рок.
40 годишниот Гулам Хазрат го продал својот бубрег за 2 300 долари пред еден месец, за да обезбеди храна за своето семејство како и да го плати за долгот за неуспешниот обид за имиграција во Иран , во потрага по работа.
Не можев да одам да молам за пари, не бев во можност да молам, потоа одлучив да одам во болницата и да го продадам бубрегот, за да можам барем одредено време да ги прехранам моите деца, изјави Гулам Хазрат, човек кој продал свој бубрег заради економските проблеми.
Иако Обединетите Нации оваа недела објавија финансиска помош од 5 милијарди долари да му помогнат на Авганистан, најголем дел од тие средства се наменети за есенцијалните работници во јавните служби а не за обичните Авганистанци кои живеат во беда.
Никола Илиевски