Вести Свет Топ вести

Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65-годишна возраст. Сасоли почина утрово во болница во североисточната италијанска општина Авијано, потврди неговиот портпарол за ДПА.

Во понеделникот парламентот на ЕУ потврди дека тој бил примен во болница во Италија на 26 декември „поради сериозна компликации на имунолошкиот систем“.

Италијанскиот политичар од левиот центар во септември помина неколку дена во болница поради пневмонија. Тој мораше да ја прескокне и октомвриската пленарна седница на законодавниот дом поради болест.

Сасоли минатиот месец за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ изјави дека не планира да се кандидира за реизбор на почетокот на 2022 година. Неговиот портпарол на Твитер соопшти дека времето и местото на погребот ќе бидат објавени во текот на денов.

Роден во Фиренца на 30 мај 1956 година, Сасоли беше член на Парламентот на ЕУ повеќе од 10 години, по преминот од новинарство во политика.Беше водител на главните вечерни вести на јавната телевизија РАИ. Сасоли беше оженет и имаше две деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе