Македонското министерство за надворешни работи пред малку соопшти дека по извршената консултација со Министерството за надворешни работи на Бугарија, било констатирано дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од Владиниот кабинет на Премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје.
“Соодветно, информираме дека терминот 18 јануари, понеделник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјавa” – сооппшти МНР