Вести Свет Топ вести

Ситуацијата во Казахстан се смирува, македонските државјани таму се безбедни

Ситуацијата во Казахастан по седумдневните насилни нереди се нормализира, а нашите државјани кои се наоѓаат во оваа земја се безбедни. Во македонската амбасада во Нур-Султан засега се обратиле само двајца наши сограѓани поради ситни потреби, на чие барање е веднаш одговорено, но ниту еден од нив не е во загрозена состојба, соопштија од МНР. Додаваат дека ситуацијата се следи, а препораките да не се патува од Македонија во Казахстан, остануваат.

Во земјата се уште трае вонредната ситуација. Во регионот Алмати се поставени антитерористички штабови, преземена е контролата врз сите државни институции, а жителите се повикани да останат во своите домови, се додека на улиците не се гарантира нивната безбедност. За 26-те загинати  во немирите- 10 јануари е прогласен ден на жалост. Казахстанскиот претседател стои на ставот дека насилните протести ги поттикнале терористи, кои според него, убивале, палеле, краделе и силувале. Нема разговори со терористи, затоа мораме да ги убиеме, ја оправда Токаев својата одлука да се пука без предупредување.

 Гангестерите и терористите се многу добро обучени, организирани и под команда на специјален центар. Некои од нив не зборуваат казашки јазик. Имаше најмалку шест бранови на напади од терористи во Алмати, вкупно беа 20.000, напиша КАСИМ ЖОМАРТ ТОКАЕВ на ТВИТЕР

Поради сомнеж за велепредавство уапсен е и поранешниот шеф на националниот безбедносен комитет и уште неколку негови соработници. Во меѓувреме, во земјата пристигнаа нови руски трупи, на барање на Токаев. Но, на тлото на Казахстан од вчера се наоѓаат и други мировни трупи, кои пристигнаа со 70 авиони. Ова дополнително ги загрижува Американците. За државниот секретар Ентони Блинкен, Казахстан е држава која може и сама да се справи со овие нереди, па нејасно е барањето да се викне на помош Русија.

Мене ми изгледа дека казашките власти и владата имаат капацитет соодветно да се справат со демонстрантите и да ги почитуваат нивните права додека го спроведуваат законот и редот. Не е јасно зошто имаат потреба од надворешна асистенција. Се обидуваме повеќе да дознаеме. Мислам дека скорешната лекција од историјата ни кажува дека ако еднаш Русите ви влезат во куќа, тешко е да ги извадите, изјави американскиот државен секретар ЕНТОНИ БЛИНКЕН. 

 

Протестите во земјата почнаа најмногу поради двојно зголемените цени на горивото, кои потоа доведоа до поскапување на храната, за нацијата каде минималната плата е неполни сто евра. Жителите на Алмати сега се соочуваат со недостиг на храна, а големите супермаркети се затворени. Оние продавници што се отворени прифаќаат само готовина, а банкоматите не работат. И пкрај смиренатат ситуација на терен, гневот кај народот се уште тлее, најмногу поради лошите услови за живот кои веќе 30 години ги диктира една иста политичка партија.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе