Прославата на Бадник во Тетово, како што налага традицијата, започна во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Мала Речица. По едногодишна пауза, поради пандемијата, денес повторно во овој храм се осветија бадникарските гранчиња, кои верниците ги понесоа во своите домови.
Присуството на верниците секоја година е сè помасовно, а традицијата ја продолжуваат и младите.
Со празничните прослави повторно заживува ова древно светилиште и полека го добива својот лик, откако беше запалено во 2001 година. Покрај православните верници, во обновата учествувало и муслиманското население.
Одбележувањето на Бадник во Тетово, продолжува во вечерните часови со палење на бадникарските огнови во маалата, додека помладите со маскенбал го продолжуваат празнувањето во кафулињата и рестораните во градот.
Данијела Билбилоска