Вести Свет Топ вести

Ѓоковиќ во понеделник ќе се обиде правно да ја урне одлуката за забрана за влез во Австралија, во спротивно ќе биде депортиран

Правилата си се правила, порачаа австралиските власти на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, откако му беше одбиено барањето да влезе во земјата и да учествува на тенискиот турнир Австралија Опен. Ѓоковиќ и неговиот тим сепак остануваат заглавени во имиграцискиот хотел на аеродромот во Мелбурн до понеделник, бидејќи адвокатите поднесоа жалба на оваа одлука. Судот ќе треба да разгледа дали бил законски третиран. Австралиските закони велат дека за влез во нивната земја треба да се поднесе барање за виза, која ако се одобри, при пристигнувањето ве застанува гранична контрола за процес на верификација. Тука, се поднесува документацијата со која Ѓоковиќ требал да докаже дека е веродостојна и дека е изземен од вакцинација против ковид 19. Според властите, документацијата која ја поднел не била соодветна и не ги исполнува барањата за влез во Австралија – дека секој кој сака да стапне на оваа територија треба да е целосно имунизиран против ковид 19.

Тој сега нема право на жалба. Не може да оди пред суд и да каже „Јас сум најдобриот тенисер во светот, ги почитував сите правила и мислам дека можам да дојдам тука затоа што ми дадоа виза“ – тоа не може. Единственото што може да го направи, а ова е право кое го наследивме од Британците, е да одите на суд и да ја предизвикате Владата и да кажете дека „начинот на кој сум третиран е незаконски“, вели МЕРИ КРОК, ПРОФЕСОР ПО ЈАВНО ПРАВО НА УНИВЕРЗИТЕТ СИДНЕЈ 

Судијата во понеделник ќе треба да го разгледа целиот случај, но според професорката Крок, српскиот тенисер нема да има право да ја образложи ситуацијата, односно ќе мора да најде законска грешка, а начинот на кој е напишан законот, тоа ќе биде многу тешко, вели Крок.

Сагата со Ѓоковиќ ги вклучи и политичарите. За српскиот претседател, станува збор за политичка хајка.

Но, се плашам дека ова политичко изживување на Новак Ѓоковиќ ќе продолжи. Сакаат да докажат нешто друго. Кога не можете да победите некој, правите вакви работи, смета АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА

Но, за австрлискиот премиер откажувањето на визата нема врска со каква било релација со Србија.

Правилата се правила, како што кажав вчера. Тоа е политиката на владата за заштита на границите, а особено во однос на пандемијата што обезбеди Австралија да има една од најниските стапки на смртност од КОВИД насекаде во светот, вели СКОТ МОРИСОН, ПРЕМИЕР НА АВСТРАЛИЈА

Поддршка за Ѓоковиќ дојде и од неговите колеги. Но, сите стојат на ставот дека тој ги знаел правилата за учество на турнирите уште многу одамна.

Изземањето на светскиот тенисер од задолжителна вакцинација против ковид и влез во Австралија ја подели нацијата. За љубителите на тенисот, Ѓоковиќ ќе недостасува на терените. Но, многу поголем е револтот кај обичните граѓани. Сметаат дека прогледувањето низ прсти за светски тенисер не е фер и не е во ред за сите жители на Мелбурн кои со недели беа во карантин, не смеат се уште да патуваат од една во друга сојузна држава, и мора да живеат со едни од најстрогите ковид правила во светот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе