Вести Македонија Топ вести

Пораки за здравје, мир и победа на пандемијата беа испратени од Соборниот храм во Скопје- се слави Бадник

Осветување на бадниковите гранчиња, кревање на знамето и изведба на бадниковата химна од Силви бенд. Вака пред Соборниот храм започна прославата на празникот Бадник, кој во христијанската традиција ја симболизира радоста на верниците за Христовото раѓање-Божик. Бројни верници пред портите на храмот ги дочекаа ланскиот бадникарски кум и здравичарот Миодраг Врчаковски и Никола Пановски, кој со семејството пристигна на пајтон. Но, и годинашните кумови Драган Спасов и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски. Потоа донесената бадникова погача беше осветена од поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.

Кога пристигна во Соборниот храм, ланскиот бадникарски кум, д-р Пановски посака за 2 – 3 месеци да помине пандемијата и да заборавиме на лекарите, а пред предавањето на бадникарскиот ќуп на годинашниве кумови, тој рече дека неговиот избор од Одборот за прослава на Бадник е доказ за почитта на МПЦ кон науката и медицината.

  • Значи се докажа дека религијата и науката можат и мораат да дејствуваат заедно , особено во тешки времиња, рече д-р Никола Пановски-лански бадникарски кум

Но, дел од верниците кои ги анкетиравме најавија дека за овој празник ќе се причестат и дека не се плашат од пандемијата, со користењето иста лажичка.

  • Да, ќе се причестам. О не! Дефинитивно не се плашам
  • Да, ќе се причестам. Не се плашам. Ништо нема од тоа.
  • Да, ќе се причестам. Не се плашам. Вакцинирана сум.

Годинашниот состав од бадникарски кумови и здравичар дава надеж за победа на пандемијата, рече кумот Дац.

  • Моментално сме овде еден актер, еден музичар и еден ликовен уметник. Па , јас искрено се надевам дека оваа година пандемијата ќе биде победена од уметноста.

Здравје, среќа, љубов и сплотеност, се желбите на граѓаните во пресрет на утрешниот празник Божик. А, денешниов Бадник традиционално беше прославен по 29 пат.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Гази Баба

Дејан Дејан

„Скандинавски покриви“ во македонската реалност

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе