Вести Свет

Столтенберг: На 12 јануари ќе се одржи седница на Советот НАТО – Русија

Седницата на Советот НАТО – Русија ја закажав на 12 јануари за да разговараме за европските безбедносни прашања, посебно за ситуацијата во и околу Украина, и за прашања поврзани со медиумската и информатичката писменост, реципрочната транспарентност и активностите за намалување на ризикот, една смислена програма за дијалог во интерес на сите нас, објави на Твитер, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој нагласи дека НАТО никогаш нема да направи компромис со Русија за правото на Украина „сама да го избере својот пат“ и да претендира на членство во Алијансата, како и правото на земјите од НАТО да ги бранат другите земји-членки на Северноатлантската алијанса.

На 7 јануари министрите за надворешни работи на НАТО ќе имаат виртуелна средба на која ќе разговараат за барањата на Русија и за европските безбедносни прашања.

Додека на 12-13 јануари Брисел ќе биде домаќин на состанокот на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови на сојузниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Ниски плати и неправедна судска пракса -независниот полициски синдикат на протест

Дејан Дејан

Убедливо водство на социјалистите и низа нерегуларности на изборите во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе