Вести Економија Македонија

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Македонските граѓани во првите девет месеци од минатата година потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници, што претставува пораст од 84,5 проценти во однос на истиот период во 2020 година.

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) информира дека кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94 проценти се од домашните купувачи.

Високи 87,2 проценти од вредноста на трансакците кон домашни е-продавници оствариле физичките лица. Просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица е 26,9 евра, а кај правните 22,2 евра.

  • Растот во првите девет месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68 проценти. Можеби уште позначајната промена поттикната од Ковид-19 е драстичната промена во структурата на трансакциите. Ако од вкупната вредност пред пандемијата помалку од половина се слеваше кон домашни е-трговци, сега веќе учествуваат со 79 проценти или вкупно 215,2 милиони евра се слеале кон домашни е-трговци во првите девет месеци 2021. Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци, 95 проценти од вредноста на домашните е-трговци ја реализирале македонски картички (картички издадени од домашните банки), вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Македонците во првите девет месеци од минатата година во странство направиле трансакции вредни 58,1 милиони евра, што претставува 21,3 проценти од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период претходната година остварен е раст од 28 проценти. Просечната трасакција што ја направиле Македонците во странство изнесува 26,2 евра.

Странците кон домашните е-трговци во првите девет месеци од 2021 година направиле промет од 12,1 милиони евра, зголемувајќи го износот на трансакции во однос на истиот период на 2020 година за 68 проценти. Износот на просечна трансакција што ја направиле странците кон домашните интернет продавници изнесува 35,3 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Ниски плати и неправедна судска пракса -независниот полициски синдикат на протест

Дејан Дејан

Убедливо водство на социјалистите и низа нерегуларности на изборите во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе