Обвинителството да не ја замајува јавноста дека имотот со кој Сашо Мијалков ја гарантира слободата е во залог во Комерцијална банка. И во мај и во декмеври Комерцијална банка се согласи државата да биде прв доверител, а банката втор, со што и во двата наврати во жалбите за укинување на притворот апелација му ги го прифаќа имотот, реагираат од банката на изјавата на јавниот обвинител Љубомор Јовевски во врска со случајот – „Слобода за Мијалков“ за кој обвинителот Јовевски прст впери и во банката каде наводно имотот со кој се гарнатира слободата на Мијалков веќе е под залог, по што од Комерцијална експресно возвратија споменувајќи и ја професионалноста на државниот обвинител.
Всушност, Обвинителството го прифатило понудениот имот со прв приоритет на државата како гаранција. Доколку денес извадите имотни листови од Катастарот за понудените недвижности и опрема, ќе видите дека државата е запишана како доверител од прв ред, а Комерцијална банка од втор ред и затоа сега нема потреба од никакви замајувања и дезинформации, се наведува во соопштението на Комерцијална банка.
Понатаму, Комерцијална банка ги отфрла наводите на Јовевски во денешното негово интервју за информативната агенција дека народната банка треба да испита дали банката каде дел до гарнатираниот имот е веќе под хипотека ги надминала службените овластувања.
При тоа, ниеден службеник не излегол вон рамките на своите службени овластувања. Исто така, не се доведени во прашање ниту интересите на другите коминтенти на Банката затоа што на товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник односно фирмата гарант „Бест веј“, побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште, се наведува во соопштението на банката. Оттаму додават дека се убедени дека и контролата, која Државниот јавен обвинител лично ја побара од Народната банка, само ќе ги потврди овие констатации од работењето на Комерцијална банка.
Префрлањето на одговорноста за одлуката за укинувањето на притворот на осудениот и обвинет поранешен директор на тајната полиција Сашо Мијалков следи откако Апелација по втор пат се согласи да му биде прифатена гаранцијата од 11.000.000 евра дека нема да избега и уредно ќе се појавува на судските рочишта.
Павле Беловски