50 луѓе загинаa во налетот на торнадо во југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки. Но, според локалните власти се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми до 70 или 100. Еден од најпогодените градови е Мејфилд, што според гувернерот Енди Бешир има најмногу штети, а катастрофата според него е најголема во историјата на оваа сојузна држава.
Метеоролошката служба регистрирала налет од 24 торнада кои ги погодија Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси. Потврдено е дека во Арканзас има најмалку двајца загинати, а во Тенеси тројца.
Дваесетина луѓе се заглавени во дом за стари лица во Арканзас откако се урнал покривот, а се верува дека заглавени работници има во складиште на „Амазон“ во Илиноис.
Исчезнати биле две деца, но полицијата ги нашла скриени во кадата од бањата, но самата куќа не стоела на првичната локација.