Спорт Тенис

Дел Потро се враќа на терените во февруари

По повеќе од 18 месеци пауза, Хуан Мартин дел Потро ќе му се врати на тенисот и повторно ќе настапува на АТП турнирите.

Аргентинецот последниот меч го одигра во јуни 2019 година кога на турнирот во Квинс го повреди коленото и по серија хируршки зафати и тежок процес на рехабилитација, тој конечно повторно да тренира.

Поранешниот победник на УС Опен почнал да тренира и според некои аргентински медиуми тој нема да биде дел од Отвореното тениско првенство на Австралија и најверојатно првиот настап по долгата пауза ќе го има на турнирите во Јужна Америка кои според календарот се во текот на февруари следната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милевски: Во Велс очекувам сличен натпревар како и оној во Скопје

Дејан Дејан

Белами: Македонија се брани длабоко, но добро игра во контранапад

Дејан Дејан

Реми за бараж, чудо за прво место: Македонија на клучно гостување кај Велс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе