Две дози вакцина против Ковид не се доволни за да го спречат ширењето на Омикрон варијантата Омикрон, предупредија британските научници.
Раната анализа на случаите на инфекции со Омикрон и Делта покажа дека вакцините биле помалку ефикасни.
Но, трета „бустер“ доза спречува околу 75% од луѓето да добијат какви било симптоми на Ковид.
Во меѓувреме, британскиот секретар Мајкл Гоув, кој попладнево претседаваше со состанокот со премиерите на децентрализираните региони, предупреди дека ОК се соочува со „длабоко загрижувачка ситуација“.
- Соочени сме со многу загрижувачка ситуација. На состанокот со кој штотуку претседавав со премиерите на децентрализираните региони беа претставени некои многу предизвикувачки информации. Знаеме дека имаме најголем број на заразени од Ковид ширум Обединетото Кралство, кои се регистрирани првпат денеска од 9. јануари. Знаеме дека варијантата омикрон се дуплира секои два-три дена во Англија, а можеби побрзо во Шкотска. Знаеме дека 30% од пријавените случаи во Лондон се со омикрон варијантата, која ние ја идентификувавме пред две недели, рече Мајкл Гоув, британски секретар.