Спорт Тенис

Русија по трет пат е шампион во Дејвис куп

Русија го освои Дејвис Купот откако вечерва во големото финале во Мадрид ја совлада Хрватска во сингл-конкуренција. Андреј Рубљов и Данил Медведев го обезбедија трофејот за Русите.

Медведев со 7-6 и 6-2 го совлада Марин Чилиќ, а претходно и Андреј Рубљов во два сета беше подобар од Борна Гојо со 6-4 и 7-6.

Пресметката во двојки не беше потребна, а таму Хрватите имаа сериозна предност,  бидејќи Мектиќ и Павиќ моментално се најдобриот тениски пар.

За Русија ова е трет трофеј во Дејвис Купот по 2002 и 2006 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе