Ковид19 Свет

Албанија го проширува опсегот за задолжителна вакцинација, од утре забрана за влез на лица од земјите на Јужна Африка

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, денеска одлучи вакцинацијата, освен за здравствените, просветните и универзитетски работници и студенти, да биде задолжителна и за вработените во јавната администрација, во супермаркетите и трговските центри.

Овие лица задолжително да се вакцинираат до 31 декември. По 4 јануари ним ќе им се бара вакцинален картон или потврда за негативен тест на секои пет дена. Почнувајќи од денеска секој граѓанин над 18- годишна возраст може да ја прими трета доза вакцина по шест месеци од втората доза, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Ракоцери додаде дека комитетот на експерти одлучил да забрани влез на странски државјани од земјите на Јужна Африка, во период од три недели, почнувајќи од утре.

Албанските државјани, кои доаѓаат во Албанија и имаат историја на патување од последните 14 дена пред пристигнувањето, во земјите на Јужна Африка, почнувајќи од утре па во нареднте три недели ќе мора да останат во 14-дневен карантин во своите домови и ќе бидат следени од здравствени екипи, посочи Ракацоли.

Според неа, Комитетот оценил дека постојните мерки на ограничување треба да останат и натаму на сила.

Полицискиот час и натаму ќе трае од 23 до 6 часот, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични точки или транзитни, мора да продолжат да поднесуваат еден од следниве документи: сертфикат за вакцинација, каде датумот на последната вакцина е најмалку две недели од датумот на влез на граница, ПЦР тест со рок од 72 часа или брз антигенски тест од 48 часа, како и потврда за прележан Sars-Cov-2, валиден до шест месеци по излекувањето, изјави таа.

Децата до шестгодишна возраст се ослободени од овие правила.

Исто така, продолжува да важи забраната за посети на пациенти во сите здравствени установи, наредбата за дозвола на собири до 50 лица и исполнетот од 30 отсто од капацитетите за културни и спортски настани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе