Вести Свет

Ограничен пристапот на хуманитарните организации и новинарите на полско-белоруската граница

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон со кој се ограничува пристапот на хуманитарните организации и новинарите на границата со Белорусија, каде што се случува мигрантска криза.

Законот претставува удар за опозициските партии, кои се залагаат за неограничен пристап до медиумите.

Согласно вонредната состојба, која беше прогласена на границата во септември, на медиумите и хуманитарните организации им беше целосно забранет пристапот.

Полската опозиција тврди дека целта на забраната е да се прикрие кршење на човековите права, а Владата смета дека рестриктивните мерки се неопходни поради безбедносни причини.

Според новите правила, министерот за внатрешни работи може да го ограничи пристапот до граничната зона, по консултација со шефот на граничната служба.

Но, новинарите и невладините организации можат да влезат врз основа на одлука на раководителите на локалната гранична контрола.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински истакна дека ќе наложи привремена забрана за влез во областа околу границата.

Европската унија го обвини Минск дека предизвикува мигрантска криза поради воведените санкции.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини ЕУ дека намерно предизвикува хуманитарна криза на границата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе