Македонија

Бочварски: Автобусот користел неважечки извод од лиценцата за превоз на патници, кој се однесувал за друго возило

Автопревозникот Беса транс поседувал две лиценци за превоз на патници, една за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, за која Министерството за транспорт и врски веќе донело решение за одземање, поради злоупотребата која ја направил превозникот, изјави министерот Благој Бочварски. Втората лиценца била за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај, која што истекла минатиот месец и е неважечка, додаде Бочварски.

Овие лиценци се однесуваат на правното лице „Беса транс БТБ“ како фирма а не на превозното средство. Во однос на поседување на изводите од лиценци за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај Беса транс поседувал изводи кои што се однесуваат на возила за четири автобуси. Веднаш ќе потенцирам дека опожарениот автобус кој учествуваше во несреќата, не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството за транспорт и врски, за што истиот автобус не поседувал извод од лиценца а за превозот на патници користел неважечки извод кој што се однесувал на друг автобус, рече Бочварски.

Превозникот, ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за конкретниот автобус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе