Ковид19 Топ вести

Кунгуловски за Топ Тема: Прележаните од Ковид-19 треба да ги ставиме во една категорија со вакцинално имунизираните

“Во наредните неколку месеци, година, две, три, пет, сите ќе се заразиме. Без разлика дали сме вакцинирани или не сме вакцинирани, сите ќе се заразиме.

Релевантно е да знаеме, ок сме се заразиле, какви ќе бидат реперксусиите од таа зараза, дали болеста ќе има сериозен тек или нема да има сериозен тек. На таа тема треба да разговараме а имање на некаков имунитет, дали природно стекнат имунитет или вакцинално стекнат имунитет, дијаметрално ја намалува веројатноста за болеста да има сериозен тек” – изјави во интервјуто за Топ Тема, Д-р Горан Кунгуловски од клиниката “Жан Митрев.

Според него, според сите тековни студии се знае дека барем 9 до 10 месеци од првиот контакт со вирусот, дека луѓето кои имаат природен имунитет, дека тој трае најверојатно 9 до 10 месеци или најверојатно повеќе.

“Не само во нивните анти-тела, дури и да опаднат, а опаѓаат антителата и кај луѓето со ваков или таков имунитет, се ствараат и други типови имунитети кои после првиот контакт со вирусот, после инфекцијата, во наредните неколку месеци, дури имуниот одговор, откако ќе престанат симптомите, зрее имуниот одговор, се ствараат нови типови на анти-тела, кон нови анти-гени и затоа треба да ги ставиме во една категорија, оние со природно стекнат имунитет и оние со вакцинално стекнат имунитет, во категорија на имунизирани ” – изјави Кунгуловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

Дејан Дејан

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Брисел е пред банкрот, расте криминалот, улиците се полни со дрога, вели министерот за внатрешни работи на Белгија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе