Во период од 15.10-21.10.2021. починале 124 пациенти од Ковид 19, а 27 од починатите биле вакцинирани. Во проценти, 78 % од починатите биле невакцинирани, 22 одсто биле вакцинирани.
Според билтенот на Министерството за здравство, најмногу вакцинирани починале на 17-ти октомври. 9-мина што починале во неделата на изборниот ден биле вакцинирани, додека вкупно тој ден се регистрирани 19 починати.
Сите вакцинирани-починати имале коморбидитети, најчесто кардиолошко заболување.Во последната седмица, вакцинираните жртви од ковид 19 се на возраст меѓу 63 и 93 години.
Повторно како и минатата недела, најмногу вакцинирани и починати се оние што примиле вакцина Синофарм. 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В. Еден пациент е вакциниран со Фајзер, двајца со вакцина Астра Зенека, а шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак.
Треба да се земе во предвид тоа што најмногу од ризичните возрасни пациенти се вакцинираа со Синофарм. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.
15 октомври
71 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување
75 год. кардиолошко заболување ДМ
16 октомври
69 год. кардиолошко заболување и дијабет
72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
68 год. каридолошко заболување и обеситас
17 октомври
87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
86 год. кардиолошко заболување и дијабет
65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
75 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
63 год. кардиолошко заболување
69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
69 год. кардиолошко заболување и обеситас
18 октомври
68год. кардиолошко заболување
72год. белодробно заболување
80год. кардиолошко и белодробно заболување
19 октомври
74год. кaрдиолошко заболување и обеситас
83год. HTA ABI
81год. HTA
20 октомври
79год. HBI
79год. ХОББ и кардиолошко заболување
67год. кардиолошко заболување
21 октомври
93год. кардиолошко заболување
89год. HTA белодробно заболување