Македонија Топ вести

Братот на починатиот Дарко Мицкоски со отворено писмо до Филипче

Со обвинувања за несовесно лекување и за голготата низ која мина 22-годишниот битолчанец  Дарко Мицкоски кој пред десет ден почина од КОВИД во Битолксата болница, неговото семејство упати отворено псимо до јавноста и до министерот Венко Филипче. Братот Дејан пишува дека тој не бил вакциниран , но немал ниту хронични заболувања, а блиските се  убедено дека младиот човек можел да се спаси.  Дарко Мицкоски,  три дена  со дијагностициран КОВИД и   со висока температура,се јавувал во болницата, добивал терапија, но не бил хоспитлазиран. Задржан бил третиот ден,  кога му била дадена и крвна плазма. Но, семејството со пораки од вибер комуникацијата сведочи дека ноќта пред да почине младото момче неколку пати барало помош од перосналот.

Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да може да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се  броеви од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа, а на  бројот  од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот пациент.

Веќе следниот ден по хоспитализацијата состојбата на Мицкоски  се влошува и  тој станува неконтактибилен,  тврди семејството.

Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Навистина имаше 125кг, 180 цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За време на хоспитализацијата со мојот брат  контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот.  , пишува во отвореното писмо на братот Дејан Мицкоски.

Писмено одговрија и од битолската болница. Раководителката  на КОВИД центарот, Ели Димитровска, тврди дека сите пацинети се под 24 часовен мониторинг,  а младиот пацинет   бил лекуван согласно протоколите.

 „Дарко беше хоспитализиран, лекуван и перманентно следен од сите во ковид центарот и целокупниот медицински персонал, со терапија којашто се спроведува по сите медицински протоколи. Но, со оглед на неговата голема телесна тежина, и со самиот факт што Дарко не беше вакциниран,  припаѓаше на групата високоризични пациенти иако досега беше без придружни здравствени проблеми.  За нас најголем пораз е губиток на млад човечки живот, пишува д-р Ели Димитровска, раководител на Инфективно одделние во Клиничка билница Битола.

Од Министерството за здравство велат дека уште на почетокот од минатат недела за овој случај е  инцирано вонреден инспекциски надозор од страна на ДСЗИ, кој треба да ја утврди  патека на лекување на пацинетот, од матичниот лекар  преку болничките прегледи и третманот во КБ Битола. Од инспекторатот потврдуваат дека надзорот е во тек, по што јавноста ќе биде известена за наодите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе