И покрај елиминацијата во осминафиналето на АТП турнирот во Москва каде имаше статус на прв носител, рускиот тенисер Андреј Рубљов успеа да обезбеди место на завршниот турнир кој ќе се одржи од 14 до 21 ноември во Торино.
Рубљов е петтиот тенисер кој е дел од турнирот во Италија и им се приклучи на Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев.
До крајот на сезоната остана уште битката за последните три места, а како најсериозен фаворит е Матео Беретини, а на последните четири турнири за останатите две најголеми шанси имаат Каспер Руд и Хуберт Хуркач.
Рафаел Надал кој во моментов е осми во АТП трката најави дека до крајот на сезоната нема да настапи на ниту еден турнир.