До 12.30 часот до ДИК се пристигнати 48 приговори за остварување на избирачко право, од кои 26 се прифатени, 4 одбиени, другите се во обработка. Во 11 избирачки места, гласањето е во прекин повеќе од еден час и ќе продолжи по 19 часот. На шест места се користи стариот метод со УВ ламба, оти нема теренски возила за да им се заменат уредите или батериите. На некои места има гужва зашто пуштаат само по еден гласач заради ковидот и нив им е сугерирано да пуштат толку луѓе колку што има гласачки кутии. Во 19 часот ќе им се дозволи да гласаат на сите што ќе бидат затекнати на гласачкото место.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.