Македонија

Расте нивото на Дојранското езеро

10 сантиметри е покачено нивото на Дојранското Езеро за нешто повеќе од еден месец. Обилните врнежи се исклучително поволни за Дојран. Злате Талески, набљудувач на Дојранското Езеро на УХМР вели дека нивото се уште ќе се качува бидејќи врнежите не се престанати.

Дојранското Езеро почна да го враќа нивото на водата од 2002 година, кога беше пуштен во употреба хидросистемот Ѓавато. Тогаш нивото на водата беше до 4 метри под нулта кота.

Талески вели дека највисокото ниво на Дојранското Езеро било измерено во 1957 година кога било 242 сантиметри над нулата. Но, пред четири години тој забележал уште еден рекорд, од 253 сантиметри над нулата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе