Спорт Тенис

Димитров го задржа Ѓоковиќ на првото место на АТП

Со победата во три сета над Данил Медведев, Григор Димитров му овозможи на Новак Ѓоковиќ и следната недела да се задржи на првото место на АТП листата. Бугарскиот тенисер успеа да се пласира во четврт-финалето откако успеа да го елиминира првиот фаворит на турнирот во Индијан Велс со 4:6, 6:4 и 6:3. Димитров ја прекина низата од 18 последователни победи на Медведев на тлото на Северна Америка, а до триумфот дојде откако беше пред елиминација бидејќи во еден момент Русинот водеше со 6:4 и 4:1.

Стефанос Циципас во три сета го елиминираше Алекс де Минаур, а третиот фаворит Александер Зверев беше поуспешен од Гаел Монфис. Турнирот во Индијан Велс заврши за шестиот фаворит Каспер Руд по поразот од Диего Шварцман додека Хуберт Хуркач беше поуспешен од Аслан Карацев.

Место меѓу осумте најдобри на турнирот обезбедија уште Тејлор Фриц, Камерон Нори и Николоз Балашвили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе