Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска во Љубљана на самитот на ЕПП остварија средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за соработката на партијата со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.
Мицкоски посочил дека државата „влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија“.
– Покрај многубројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел. И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан, потенцирал Мицкоски.