Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, по обајвувањето на вештачењето на истражителите за причините поради кои се случи пожарот во модуларната болница во Тетово и загинаа 14 луѓе.
Внимателно ги прочитав наодите на истражителите. Како што е јавно соопштшетно со стручните наоди од вештачењето од електрична куса врска на продолжен кабел настанал пожарот. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани. За евентуалните грешки причините и човечки фактор ќе се произнесат истражните органи“, изјави премиерот.
Тој истакна дека нема да дозволи политизирање на трагедијата.
Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица,
откриена е причината за пожарот и тоа е јавна информација. Уверен сум дека Филипче и Хасани направија професионални и лични ангажмани, спасија илјадници животи, и затоа им ја давам довербата да продолжат да го водат задрствениот систем“, рече Заев.