Спорт Тенис

Ешли Барти е шампионка на Вимблдон

Ешли Барти за прв пат во својата кариера го освои Вимблдон откако во денешното големо финале во Лондон ја совлада Каролина Плишкова во три сета.

Тенисерката од Австралија во првиот сет славеше со 6-3, но во вториот Плишкова врати откако беше подобра во тај-брејкот. Барти денеска игра без големи осцилации, па во решавачкиот сет триумфираше со 6-3 за да стигне до својот втор грен слем трофеј во кариерата, по оној на Ролан Гарос во 2019 година.

Таа воедно е првата тенисерка од Австралија со титула на англиската трева по 41 година и Ивон Гулагонг. За Плишкова ова е беше второ грен слем финале во кариерата по она на Ју Ес Опен во 2016 година и натаму останува без трофеј.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе