Прекината е акцијата за спасување и потрага по преживеани во урнатините на станбена зграда во Мајами, која делумно се урна околу полноќ на 24 јуни.
Властите соопштија дека се во фаза на подготовка за уривање на остатоците од градежната конструкција бидејќи се приближува тропската бура Елса.
Градоначалничката на округот Дади, во Мајами, Даниела Левин Кафи, потврди дека уривањето на остатоците од 12-катната структура ќе се изврши денеска, но таа истакна дека ќе се користи методот на контролирана експлозија, па затоа евакуација на околните згради нема да биде потребна, јавија британските медиуми.
По уривањето на зградата во Сурфајд, во која загинаа најмалку 24 лица, а 124 се уште се водат за исчезнати, градоначалничката Кафи побара да се направи ревизија на сите згради постари од 40 години и да се изврши нова градежна сертификација.
Семејствата на исчезнатите се информирани дека за денеска е предвидено уривање на остатоците од објектот.