Вести Свет Топ вести

Пекол во Канада – рекордно високите температури усмртија повеќе десетици луѓе

Повеќе десетици луѓе ги загубија животите во Канада во екот на топлотниот бран кој ги крши температурните рекорди.

Полицијата во Ванкувер соопшти дека добиле пријави за повеќе од 130 ненадејни смртни случаи од петокот. Најголем дел од нив биле повозрасни луѓе со претходни здравствени проблеми, во чија смрт жешкото време е дополнителен отежнувачки фактор.

Канада трет ден по ред го скрши својот рекорд за највисока измерена  температура, при што во местото Литон живата во термометарот се искачила на 49,6 степени целзиусови.

Рекордно високи температури се регистрирани и во американскиот северозапад , но и повеќе смртни случаи како последица на топлотниот бран.

Пеколните температури во Канада и Соединетите држави се протегаат од Калифорнија до Арктикот. Пред минатиот викенд и неделата, во Канадата никогаш претходно не била измерена температура над 45 степени целзиусови. Џон Хорган, премиерот на Британска Колумбија, изјави дека најжешката недела која овој канадски регион досега ја имал, довела до катастрофални последици за семејствата и заедниците.

Дополнителен проблем за жителите на овој дел од Канада е дека најголем дел од нив немаат климатизери и системи за разладување, затоа што температурите се вообичаено многу поблаги во текот на  летните месеци. Во регионот околу Ванкувер, поставени се повеќе привремени фонтани со вода и центри за разладување.

Се обидовме, и нашите градови, особено оние кои се навикнати на ваква жештина, имаат општински програми да ги заштитат луѓето, со кои ги повикуваат да дојдат во центрите за разладување, за да бидат сигурни дека ги проверуваат луѓето за кои водат сметка, значи луѓето за кои знаеме дека се загрозени. Секако, секогаш можевме, гледајќи наназад, да направиме повеќе и подобри планови. Во овој случај, мислам дека главната лекција од минатите денови е дека климатската криза не е фикција, туку е апсолутно реална.

Во американскиот северозапад, температурите се искачи до 46,1 степени во Портланд , Орегон и 42,2 во Сиетл, Вашингтон, највисоките нивоа откако започнало мерењето на температурите во 40-тите години од минатиот век.,

Најмалку неколку десетици смртни случаи во Вашингтон и Орегон се верува дека се поврзани со жештините кои го зафатија овој дел од Соединетите Американски Држави.

Никола Илиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе