Свет Топ вести

Западот гневен поради киднапирањето на авионот на Рајанер во Белорусија

Сите западни држави го осудија потегот на Белорусија, преку измама да го пренасочи авионот на Рајанер, од Атина до Вилнус, принудно да слета во Минск, само за да уапсат патник, кој бил соработник на лидерката на опозицијата Светлана Тихановксаја.

Белоруската контрола на летови ги предупредила пилотите дека добила дојава за ескплозивна направа во авионот, а властите испратиле ловци за да го наведат авионот кон аеродромот во Минск.

Претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајан и извршниот директор на ирскиот авиопревозник Рајанер, Мајкл О’Лири, пренасочувањето на авионот го нарекоа киднапирање, но белоруските власти опстојуваат на своето тврдење дека имале дојава за безбедносна закана.

Работата траеше околу 2, 2,5 часа. Го пребаравме багажот, затоа што таму би можела да биде поставена експлозивна направа. И кабината исто така, и таму постоеше можност да има оставени предмети од рачниот багаж каде што исто така би можело да има експлозивна направа. Затоа го пребаравме темелно целиот авион и просторот за багаж, Изјави неименуван член на единицата за отстранување бомби на Белоруското министерство за внатрешни работи.

Уапесниот е идентификуван како Роман Проташевич, новинар и соработник на Тихановскаја, кој исто како и нејзе доби азил во Литванија. Патниците од авионот, за западните новински агенции, изјавиле дека кога слетале и им било кажано да го напуштат авионот, Проташевич им рекол дека ќе биде уапсен и дека се соочува со смртна казна во Белорусија.

Адвокат веќе се обидува да стигне до него, но во моментов не ги знаеме последните информации, но сигурна сум дека е во ужасни услови. Сигурна сум дека го мачат, затоа што знае многу информации, изјави Тихановскаја.

Проташевич, кој е поранешен новинар и креатор на популарната белоруски канал „Некста“ на Телеграм, е обвинет дека преку неговиот канал помогнал во радикализацијата на минатогодишните протести кои избувнаа по контроверзните претседателски избори.

Кога граѓаните кои беа радикализирани, предизвикани зомбифицирани од страна на овој канал на Телеграм, со автомобили влетуваа во полицијата, тоа беше терористички чин, според било кој правен систем во светот. Затоа, секако дека Проташевич ќе треба да одговара за овие криминали, тоа е објективно и тоа би требало да го направи за вакви криминали во секоја нормална цивилизирана држава во светот, порача претседателот на новинарскиот синдикат на Белорусија, Андреј Кривошеев.

За политичките аналитичари кои ја следат состојбата во Белорусија, ова е ексалација на комплетно ново ниво.

Лукашенко испраќа јасна порака, меѓународната заедница го загрижува многу малку, особено западните земји, и не се грижи за меѓународните норми и правила. За него, неговото домашно преживување, во моментов е многу поважно. Тој знае дека и покрај се што се прикажува на државната телевизија, се уште е многу ранлив и единствениот начин да остане на власт, е да тргне против своите противници на секој можен начин, смета Алена Куџко, директор на политичкиот инситут ГЛОБСЕК.

ЕУ, претседателката на ЕК Фон Дер Лајен, лидерката на белоруската опозиција и сите европски земји побараа построги санкции за Лукашенко и неговиот режим. Но досегашните санкции не дадоа никаков резултат. Тихановскаја побара поширок сет на мерки, а Куџко предлага широк сет на економски мерки кои ќе опфатат државни компании и подржувачи на Лукашенко. Воведување забрана за летови од Белорусија исто така беше посочена како можна мерка, но Куџко предупредува дека на тој начин ќе бидат ставени во опасност повеќе луѓе, особено дисиденти кои се обидуваат да избегаат од режимот на Лукашенко.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе