Ковид19 Свет Топ вести

20% од вакцинираните со Синофарм во Србија не развиваат антитела – најголем дел од нив се повозрасни луѓе

Една петтина од вакцинираните со кинеската вакцина Синофарм во Србија, го немаат очекуваниот резултат на вакцинација, покажува студијата на институтот за медицински истражувања во Белград.

Студијата, која од Февруари ја спроведува научен тим од институтот, покажува дека 20 отсто од ре-вакцинираните со вакцината Синофарм, не развиле антитела на корона, а тие се претежно постари од 70 години, пишува српска “Политика”.

За еден дел од таа група, кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности, може да се очекува, во случај на контакт со вирусот, да бидат барем делумно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, велат од институтот.

Од институтот се прашуваат како овие луѓе ќе се заштитат од заразата, и кога ќе добијат следна вакцина, на која организмот би требало да реагира.

Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина, а тука е и делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата, вели доктор Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на институтот.

Се очекува во Србија во еден момент со Синофарм да бидат вакцинирани повеќе од милион и 700 илјади луѓе.

Ако истражувањето потврди дека една петтина од нив воопшто не развиваат антитела и дека тоа е почесто кај најстарата популација, која почесто е придружена со хронични заболувања, се поставува прашањето за дополнителна вакцинација на овој дел од населението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Зеленски: Русија продолжува со нападите пред очекуваните разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе