Свет Топ вести

Куомо најави лотарија од пет милиони долари за жителите на Њујорк кои следната недела ќе се вакцинираат

– Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, вчера најави дека од следната недела за жителите на „Големото јаболко“ ќе почне лотарија со добивка од пет милиони американски долари, како поттик да се вакцинираат против коронавирусот, и притоа на сограѓаните им порача дека треба да се стремат да победат.

Лотаријата обезбедува бесплатни грепки за сите њујоркчани постари од 18 години, кои од 24-28 мај ќе примат вакцини на „Модерна“, „Фајзер“/„БиоНТек“ или „Џонсон и Џонсон„.

Заради забавувањето на темпото на вакцинација во државата треба да бидеме креативни за луѓето да ги натераме повеќе да се вакцинираат, рече Куомо и додаде „колку повеќе жители на Њујорк се вакцинираат, толку побрзо ќе се враќаме во нормала“.

Куомо соопшти дека 63 проценти од возрасните жители на Њујорк се вакцинирани со прва доза на вакцината, а 54 проценти биле целосно ревакцинирани.

Лотаријата, што се користи како поттик за вакцинирање, може да донесе добивки од 20 долари до пет милиони долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Зеленски: Русија продолжува со нападите пред очекуваните разговори

Дејан Дејан

Британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе