Свет Топ вести

Се проширува листата на трети земји чии граѓани ќе може да влезат во ЕУ

Амбасадорите на ЕУ ја поддржаа препораката на ЕК за ублажување на критериумите за влез на граѓани од трети земји кои ги имаат примено двете дози на вакцини, како и тоа да се прошири списокот безбедни земји каде е поволна епидемиолошката ситуација, односно земји со инциденца под 75 случаи на 100.000 жители.

Советот на ЕУ наскоро треба да ја финализира листата на земји, а американски Њујорк тајм пишува дека ќе биде готова до петок. Во мометот на листата се само седум држави, како и граѓаните на Австралија, Израел и Сингапур, кои можат да патуваат во ЕУ без оглед на тоа дали се вакцинирани.

Се очува земјите членки на ЕУ до крајот на мај да го разгледаат предлогот на комисијата и ја ја усвојат новата „проширена“ листа земји за кои ќе бидат отворени границите на ЕУ, со приложување на негативен тест.

На т.н. „Список на безбедни земји“ ја нема ниту Велика Британија, бидејќи некои земји од ЕУ сакаат да видат како се одвива бранот на случаите со индиската варијанта. Првите Британци денеска веќе пристигнаа  во Португалија, земја која ја стави Бтитанија на зелената листа и го симна задолжителниот карантин. Откако Италија и Грција ја дигнаа рампата за британските патници, се очекува следниве денови тоа го стори и Шпанија.

Лидерите на ЕУ доцна синоќа не успеаја да ги договорат деталите за европските ковид-пасоши.

Дигиталниот сертификат може да ги отвори повеќето земји на ЕУ да се патува во рамките на унијата уште од крајот на јуни.

Документот треба да покаже дали некое лице имало негативен тест за ковид-19, неодамна заздравело од вирусот што ја предизвикува болеста или е вакцинирано.

Грција веќе ги ублажи условите за влез за странци, а Шпанија им дозволува на туристите од ЕУ да влезат во земјата со негативен тест. Унијата ги затвори своите надворешни граници во март минатата година за сите незадолжителни патувања и од јуни воведе и ограничен список.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе