Во најновиот бран жестоки воздушни напади врз појасот Газа, Израел тврди дека се уништени 15 километри долгите тунели на милитантите наречени „подземна железница“. Цел на ракетните напади беа и девет домови на командантите на Хамас, а оштетени се главните магистрали и далекуводите. Ова е еден од најсилните напади од почетокот на конфликтот меѓи Ираел и палестинците, кој минатиот понеделник започна во џамијата Ал Акса. Жителите на градот Газа велат дека десет минути пред нападот биле предупредени да ги напуштат живеалиштата.
Палестинскиот премиер ја повика меѓународната заедница да интервенира, опишувајќи ги крвавите слики со убиени деца. Само ден предходно палестинските здарвствени власти ја прогласија неделата за насмртоносна кога во Газа беа убиени најмалку 42 лица, а три згради срамнети со земја.
Цели семејства се уништени, домовите се урнати пред нивните деца во бруталниот напад кој шири смрт, терор и човеки остатоци во урнатините на уништените згради и улици. Крвави фотографии на деца облеани во крв, кои брзо умираат. Ова е еден од најголемите злосторства казниви со меѓународното право , изјави Мохамед Штајех, палестински премиер.
Но, меѓународната заедница е поделена. Советот за безбедност на ОН и по третата итна седница не постигна договор за заедничка декларација за крај на израелско – палестинскиот конфликт. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека понатамошните борби може да го втурнат регионот во „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“. Тој апелипаше за итно прекинување на „крајно ужасното“ насилство.
Овие непријателства се крајно застрашувачки. Оваа последна рунда на насилства само го продолжува циклусот на смрт, уништување и очај и ги турка подалеку кон хоризонтот сите надежи за соживот и мир. Борбите мора да престанат. Мора веднаш да престане. Ракетите и минофрлачите од едната страна и воздушните и артилериските бомбардирања од друга страна мора да запрат. Апелирам до сите страни да го послушаат овој повик. Обединетите нации активно ги ангажираат сите страни кон итен прекин на огнот , порача Антонио Гутереш, Генералниот секретар на ОН.
Судирите продолжија и покрај тоа што администрацијата на Џо Бајден ги интензивира дипломатските напори во регионот.
Израелската армија соопшти дека палестинските милитанти испукале над 3.000 ракети кон Израел во текот на минатата недела.
Рано денеска, израелските воени авиони возвратија со 80 воздушни напади.
Тензиите ескалираат и во источен Ерусалим, каде на палестинските семејства им се заканува иселување. Израелската полиција ги засили трупите на контролилниот пункт заграден со бетонски бариери неколку часа откако палестински возач се заби во него со автомобил и рани шест војниципо што беше застрелан. Камрите регистрираа апсење на еден Палестинец по кавга со Евреин, но повеќе детали не се соопштуваат. Насилства имаше и на про-палестински протести во градовите низ целиот свет. Поворка граѓани- поддржувачи на палестинскиот народ продефилираа и низ центарот на Скопје.
Според извештаите во Газа се убиени најмалку 192 лица, десетина се деца, а Ираел јавува за десет жртви, меѓу нив две деца.
Билјана Ставрова