Свет Топ вести

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени при уривање на трибина во синагога во Израел

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени при пад на трибина во незавршена синагога на Западниот брег, во пресрет на голем еврејски празник.

Трибината била полна со луѓе и се урнала за време на молитвите на почетокот на празникот Шавуот.

Портпаролот на израелската брза помош за телевизијата Канал 13 изјави дека на повредените им е укажана помош и оти загинале две лица, еден маж на педесет години и едно 12-годишно дете.

Спасувачките екипи дошле на местото на несреќата и ги однеле луѓето во болница.

Израелската армија соопшти дека испратила и лекари и припадници на спасувачките единици да им помагаат на повредените, а биле ангажирани и хеликоптери.

Градоначалничката Гиват Зеева рече дека зградата била недовршена и опасна и оти полицијата ги игнорирала претходните повици да преземе нешто.

Шефот на полицијата во Ерусалим рече дека несреќата е последица на небрежност и оти апсењата се неминовни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе