Во Пролетните економски прогнози на Европската комисија, за нашата земја се предвидува раст на БДП од 3,7 отсто. Целосно закрепнување се очекува дури следната година, односно економијата ќе закрепнува побавно отколку што се очекуваше. Со натамошното укинување на рестриктривните мерки, трошењето на домаќинствата се предвидува да се зацврсти и да се забрза во оваа и во следната година.
Во однос на пазарот на трудот, се вели дека владините
субвенции придонеле загубите да бидат ограничени, иако имало загуби на работни места. Инфлацијата се зголеми, најмногу поради повисоките цени на храната, горивата, и електричната енергија. Но, за решавање на овој проблем кој најверојатно ќе ја зголеми и стапката на сиромаштија, нема формула.
Во делот за Македонија исто така се посочува и зголемувањето на јавниот долг, како одговор на финансирањето на кризата. Као заклучок, се наведува дека ризиците се во надолна линија, но фискалните перспективи може да бидат влошени во случај ако се потребни понатамошни мерки за поддршка или поради слаба посветеност на реформи кај јавните финансии, како и поради плановите за даночно олеснување.
Далиборка Демјанска Цветановска