Македонија

Се испразни шефовската фотеља во скопското основно обвинителство, Советот избра 10 обвинители

Дел од поранешните обвинители на СЈО, Советот на јавни обивнители ги избра за обвинителствата за организиран криминал и вишото скопско, дел пак не добија поддршка. Обвинителката Лиле Стефанова што го води предемтот Титаник но и истрагите Имеприја и Плацеви на Водно, се враќа во организиран криминал од каде во 2015 замина во СЈО. Таа, исто како и колегите Трајче Пеливанов и Артан Ајро кои работеа заедно со Катица Јанева на Рузвлетова, од денеска стануваат дел од тимот на Вилма Русковска. Фатиме Фетаи не беше избрана за обвинителстовто за организиран криминал но доби унапредување во вишото скопско обвинителство. Таму повторно ќе соработува со колегата од СЈО Бурим Рустеми, кој ги води предметите за Космос и за Поштенска банка. Сашо Рајчев од шефовската канцеларија во скопското основно обвинителство, се сели неколку ката погоре во обвинителската зграда покрај Вардар. И тој беше избран за хиерархиски повисокото обвинителство, кое застапува предмети пред апелација. Од органзиран криминал во вишото трансфер прави и обвинителот од Диво Насеље, Наум Пановски а унапредување во Вишо доби и обвинителката  Снежана Бундалевска која го водеше предметот за сообракајката кај Млечен. Како засилување во организиран криминал, Советот ги избра се и скопската обвинителка Катерина Коларевиќ и струмичката, Наташа Поп Трајкова.

А конкуренцијата беше голема. За 5 места во организиран криминал се пријавиле  14 обвинители. За исто толку места во Вишото конкурирале 32ца обвинители. Се натпреваруваа и со високи оценки.

За дел од имињата веќе подолго време во јавноста се шпекулираше дека ќе бидат избрани а седницата за избор се одржа по повеќе од 7 месеци од огласите. Од советот негираат дека пролонгирањето се должи на политички влијанија туку на станувало збор за  усогласувања и исполнување на законските обврски за избор. За прв се одржа отворена седница на која членовите гласаа јавно и пред камера. Се изјаснуваа за или против беа дополнитлени објаснувања.

Мегу 50тината пријавени на двата огласи имаше и други познати обвнителски имиња кои не беа изгласани. Обвинителката Ленче Ристовска од Таргет Тврдина и Талир која конкурираше за Вишото не го доби потребното мнозинство.  Извиси и нејзиниот колега од СЈО Љубомир Лапе од предметот Тортура. За вишото не беше избран ниту Дарко Јакимовски познат по предметите за Ласкарци, за убиството во обид на Зијадин Села и за убиството на младиот Анѓел Петковски. Не беше изгласана ниту обвинителката Ивана Трајчева која  деновиве е актуелна по истрагата за софтверот на Рашковски.  Конкурирала и обвинителка  со макеоднско државјанство која  23 години работи како обвинител во Хрватска.

За шеф на Струшкото обвинителство избран беше обвинителот Стојанчо Арнаудовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе