Вести Македонија

Ќе се гради во соседство на плацевите на Груевски – општината издаде дозвола за градба во ДУП-от за кој се кршеа копја и Шиповиќ заврши во притвор

Шумскиот мир на крај на градот под Водно, на ридот Големо Курило деновиве доби смртна пресуда. Има одобрение за градба на објект во шумата, за градилиште до кое води слепа уличка.

За одлуката на општина Центар дознале соседите но десет дена откако е донесена и сега се растрчани за да ги искористат последните 5 дена од рокот и да поднесат жалба.

Изјава на жителка на улица Питу Гули

„Сосетката која не живее тука добила покана за да го подигне известувањето до соседите. Го подигнала вчера во општина Центар и тогаш дознавме дека е издадено одобрение за градба. Нас останатите соседи никој не не извести и како да сакаше да се сокрие одлуката и да се скрати рокот за жалба. Одобрението го барала фирма Маркеза од Кисела Вода која ни е непозната. Над овој плац веднаш се наоѓаат оние спорни плацеви и маркички поврзани со претходната власт за која имаше и објавени бомби за нелегалните активности.“

А за да го сочуваат местото шумата и ридот кој може поради градежни работи и да се лизне кон градот се борат речиси десет години. Очекувале актуелните политичари да ги исполнат ветувањата и да спречат уништување на уште една скопска шума.

Во општина Центар се правдаат, мора да се даваат одобренија поради тоа што Уставниот суд го укина мораториумот на ДУП-овите.

Градоначалникот Саша Богдановиќ тврди дека доколку има опасност по жителите и тие поднесат жалба во рокот може да се смени одлуката, но потврдува дека фирмата Маркеза може да почне да го подготвува теренот, да сече дрвја, па дури и да дигне потпорен ѕид.

Фирмата Маркеза е од Кисела Вода, регистрирана е во куќата на сопственикот Филип Костиќ и е непозната и за јавноста и за жителите. Irl.mk објави дека оваа фирма има испреплетено бизнис со поранешниот пратеник и функционер на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски.

На телефонскиот број оставен како контакт на фирмата во влошката на централе регистар не се јавуваше Костиќ, туку извесен Дејан кој тврди дека нема никаква врска со Маркеза.

А оваа фирма иако непозната веќе сега без разлика на борбата за животна средина и живописната шума ќе може по тесната улица да качува багери кон дозволеното градилиште. Доколку е предвидена поширока улица, ќе има и експропријација на имот за да се направи улица, потврди Богдановиќ, а улицата потоа ќе може да ја користи инвеститорот за полесно да стигне до местото на градба.

Жителите се убедени дека општината и градоначалникот не сториле доволно, а како и во другите слични центарски урбанистички походи, Богдановиќ се правда со одлуката на Уставниот суд да го укине мораториумот за градба.

Инаку овој ДУП е еден од контроверзните на општина Центар кои беа изгласани со ист број советнички гласови за и против, но со воздржаниот глас на претседавачот Шиповиќ, осомничен во тоа време.

Над овој плац се се плацеви на фирмата Ексико, на Кара на Камчев, како и плацеви поврзани со поранешниот премиер Груевски кој во свое време не успеа да изгради пат до својот посед, но сега Центар со одобрението му го реши и тој проблем на избеганиот екс-премиер.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе