Ковид19 Македонија Најважни

Намален бројот на новозаболени со Ковид- 19 за 24, 3 %, а на починати за 25, 4% во однос на претходната недела

Од вкупно проверени 21763 материјали, со молекуларно и ангигенско тестирање во лабораториите, утврдено е намалување на бројот на новозаболени граѓани со Ковид-19, за 24, 3% во однос на минатата недела, велат од Институтот за јавно здравје во извештајот за периодот 12 до 18 април.

Регистрирани се 5199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 24, 3% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје-40, 1% со неделна инциденца од 337, 7 на 100 илјади жители. Највисока неделна инциденца  од 397, 4 на 100 илјади жители е регистрирана во Битола, се вели во извештајот.

Процентот на позитивни пациенти се движи од 15, 3 до 27, 9%, со просек од 22, 6%.  Заболени граѓани има од сите возрасни групи. Најзастапена е групата на возраст над 60 години- 33, 1 %, а најмалку заболени има кај децата до 9 години-1, 8% и кај оние од 10 до 19 години-4, 6 %. Со 2 негативни теста , статус оздравени стекнале 5921 лице , што се за 3, 1% помалку во споредба со минатата недела. А, опаднат е и процентот на смртност.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови , што е за 25, 4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста 175 лица биле над 60 години, 20 лица од 50 до 59 години, по 5 лица од возрасните групи 40 до 49 и 30 до 39 години и едно лице од возрасната група 20 до 29 години.

Доминантен сој застапен со 100%, меѓу тестираните примероци е британскиот, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе