Вести Македонија Топ вести

Срцето на Белчевска одлично работи кај Иле Стрезовски

Закрепнуваат Иле Стрезовски и Блаже Сапунџиев кои добија срце и бубрег од донорот Верица Белечовска. Од министерството за здравство информираат дека срцето кај Стрезовски работи одлично, а се заздравува и Сапунџиев по трансплантацијата на бубрегот. Синоќа најблиските се испратија од 20 годишната Белечевска на чиј што погреб сочуство изразија и членовите на семејството Стрезовски откако ги зближи  хуманиот чин. Струмичкото јавно обвинителство веќе го прекфаливикувало кривично дело и сега 18- годишниот Струмичанец се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот но со последица смрт. Дали возачот кој на седми април ја прегази и избега 20- годишната Верива Белчевска ќе гони за небрежност или делото го сторил со умисла одлуката обивнителство ќе ја донесе откако ќе ја одбие крвната анализа за присуство или не на алкохол.

„Се менува кфалификацијата на кривичното дело по член 300 со оглед дека во сообраќајната незгода едно лице го загуби животот. Но, дали сторителот ќе одговара за последиците од небрежност или умисла зависи од тоа дали во резултатот од крвната анализа ќе има присуство на алкохол или не. За надеваме дека за 2 недели ќе ги добиеме и сообраќајните вештачења за да ги имаме сите докази поврзани со предметот“

18 –годишниот струмичанец е на слобода а од 13 април е без патна исправа и треба редовно да се јавува во судот. Вака одлучил судијата на претходна постапка на барање на обвинителството  заради сомнеж дека тој може да избега, велат од обвинителството. По издадените наредби се работи на вештачењата кои треба да дадат одговор што точно се случило кобната ноќ на крстосницата на ул. „Ленинова“ со ул. „4 –ти Јули“ доцна попладне кога возило „нисан“  управувано од 18 –годишен возач удри во Верица Белчовска.

Освен тешки дела во сообраќајот, возачот се гони кривично и за Неукажување на помош на повредено лице во сообраќајка. Белечовска се здоби со тешки телесни, нејзиниот мозок откажа, а возачот откако избега од местото на несреќата сам се пријави во полициска станица.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Дејан Дејан

Недостасуваат конзерватори во македонските музеи

Дејан Дејан

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот, ни никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе